Додека трае руската инвазија на Украина, војната и тоа како е актуелна во светот на спортот. Руските тимови и национални репрезентации се исфрлени од сите натпреварувања, за жал политиката се вмеша во спортот.
Против претседателот на Русија, Владимир Путин застанаа бројни познати имиња од оваа земја, на списокот се најде и голманот Иван Злобин, кој е член на португалскиот тим, Фамалика. Победата на својот тим од 2-1, тој ја прослави со украинско знаме.
Чуварот на мрежата на португалскиот клуб отиде на трибините и направи фотографија со Украинец, кој на мечот дојде до знамето на својата земја. Истата брзо се прошири на социјалните мрежи.
Famalicão’s Russian goalkeeper Ivan Zlobin holds up a Ukrainian flag with a Ukrainian supporter after their game against Tondela. pic.twitter.com/UfL37GxZbp
— Zach Lowy (@ZachLowy) February 26, 2022