Украинскиот фудбалер на Евертон Виталј Миколенко на социјалните мрежи ги изнесува своите ставови околу руската инвазија на Украина. Миколенко го прозва капитенот на рускиот национален тим Артем Ѕјуба кој игра во Зенит.
„Додека и понатаму молчиш како ку***н заедно со твоите посрани соиграчи, во Украина страдаат обични луѓе. Ќе бидеш заклучен во зандана до крајот на животот и што е најважно, до крајот на животот на твоите деца. И мило ми е поради тоа“, напишал Миколенко на социјалните мрежи.
Миколенко смета дека Ѕјуба како еден од најдобрите руски фудбалери и како капитен на репрезентацијата треба да излезе и јавно да повика на мир.
Ukrainian footballer launches a blistering attack on Russia’s national team for their silence on Putin’s invasion https://t.co/o0u6Xqv85S
— Daily Mail Online (@MailOnline) March 1, 2022