Кристијано Роналдо ова лето од Јувентус се пресели во редовите на Манчестер Јунајтед. Неговиот втор мандат на „Олд Трафорд“ не оди според планот, барем за сега. Португалецот добро ја почна сезоната, но како одминува времето неговата форма паѓа.
Според тамошните медиуми, раководството на клубот веќе бара замена за него, а истата е најдена во Италија, поточно во Наполи, тимот на македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас. Станува збор за виктор Осимхен, кој игра за репрезентацијата на Нигерија.
Но, нема да биде лесно, клубот мора да плати најмалку 100 милиони евра за играчот кој оваа сезона на 22 меча постигна 11 голови, два месеци беше во аут поради повреда.
Како што пренесува „Рај Спорт“, раководството на Јунајтед веќе стапиле во контакт со Наполи и со менаџерот на фудбалерот. Останува да видиме дали навистина ова лето ќе го облече дресот на „црвените ѓаволи“.
Инаку и покрај слабата форма, Роналдо е најдобар стрелец на Јунајтед во Премиер-лигата со девет голови, имаше шест во Лигата на шампиони.