Бабиќ: Одбраната на Татабања беше перфектна, најдобра оваа сезона!

241

Е.Пелистер не успеа да го направи првиот чекор кон освојување на првото место во својата група. Битолчани на гостувањето кај Татабања беа совладани со 25-21 во рамките на претпоследното коло од регуларниот дел во Европската лига.

Тренерот Жељко Бабиќ по поразот број три потенцира дека противникот одиграл добро во одбраната, според него најдобра оваа сезона.

„Честитики до Драган, Татабања ја заслужи победата. Менталното ниво беше високо, потрошивме многу енергија во одбраната, не трчавме многу, не ги користевме брзите контри. Тешко е да се игра цел меч, „шест на шест“ против Татабања, која играше добро во одбраната, можеби најдобрата оваа сезона, со голема енергија. Им посакувам се најдобро во продолжение на сезоната“, изјави Бабиќ по мечот.

Марко Кизиќ со осум одбрани заедно Стипе Мандалиниќ беа најдобри во редовите на Е.Пелистер.

„Бевме тука некаде со нив, паднавме во последните минути, ни фалеа неколку важни играчи во ротација. Направивме неколку грешки во одбрана и во напад, но што е, тука е. Останува да се пдоготвиме за следниот натпревар, не застануваме одиме напред. Честитики до Татабања“, изјави Кизиќ кој влезе на местото на Секељи.

Во следниот меч, последен од групната фаза, Е.Пелистер е домаќин на АЕК, доколку сака да остане на второто место на табелата ќе мора да го добие овој дуел, во спротивно ќе падне на третото место на табелата.

ПретходноРистовски ја однесе Трнава во 1/4 финале на Купот
СледноУкраинскиот бек со остри зборови за капитенот на Русија: „Ќе скапеш во зандана до крајот на животот“