По само неколку дена откако си замина од кормилото на тимот на МЗТ Скопје Аеродром, Дарко Радуловиќ најде нов ангажман. И тоа во соседно Косово, каде што во периодото кој следува ќе го води тимот на Башкими од Призрен.
Младиот стратег со ова ја прави својата тренерска кариера, интернационална, а мора да се додаде дека веќе во шампионатот на Косово, имаме еден стратег во името на Марин Докузовски. Тој е веќе тренер на тимот на Пеќ.
Во моментов тимот на Башкими е шести на табелата и очигледно дека во Радуловиќ гледа резултатски спас, односно поправање на моменталната ситуација.