ИТФ ги суспендира Русија и Белорусија, но им дозволи на нивните тенисери да играат турнири

162

Челниците на Светската тениска организација (ИТФ) се приклучи на Федерациите кои ја суспендираа Русија поради војната со Украина, но и Белорусија која ја поддржува Русија во активностите на украинска територија. Од ИТФ објавија дека ја суспендираат Русија и Белорусија од тимските активности во тенисот што значи дека нема да можат да се натпреваруваат на Дејвис купот, Били Џин купот. Суспензијата важи и за младинските тениски тимови.

Организаторите на ВТА и АТП турнирите го откажаа Кремлин купот кој требаше да се игра во Русија, а претходно се откажани сите ИТФ турнири на руска територија.

Мешутоа ИТФ донесе одлука руски и белоруски тенисери да можат да се натпреваруваат на ВТА, АТП и Грен слем турнири меѓутоа ќе бидат под „неутрално знаме“.

ПретходноКристенсен во Барселона – тоа е 99% завршена работа
СледноМиланско дерби под очекувањата – патникот во финалето ќе се одлучи во реваншот