Седум меча се одиграа ноќеска во НБА-лигата, а во центарот на вниманието се најде Џа Морант во дресот на Мемфис Гризлис. Пред домашната публика славеше со 118-105 над Сан Антонио за 43 победа оваа сезона. Предноста од десет поени на полувреме Мемфис успеа да ја задржи и до самиот крај да ја зголеми.
Морант беше причината за триумфот на својот тим. Постигна 52 поени, на кои додаде седум скока и две асистенции, од линијата за три поени имаше 4/4. Моментот на вечерта беше забиувањето преку 216 високиот центар на Спарс, Моран е висок 191 сантиметар.
Ja Morant is something “Spesha™️” man. He’s MUST SEE TV. Jacob Poeltl is 7’1” pic.twitter.com/xn13yU9VQd
— BEAN 🏁🏁🏁 (@MGRADS) March 1, 2022
Моран за шест поени го надмина својот рекорд, кој го постави во саботата против Чикаго Булс. Покрај забивањето во последната четвртина постигна 13 поени. Добро го пратеше Мелтон со 16 поени, на другата страна Валкер имаше 22 поени.
Мемфис се наоѓа на третото место на табелата во Западната конференција зад Голден стејт и лидерот Феникс.
РЕЗУЛТАТИ: Кливленд – Минесота 122-127, Орландо – Индијана 119-103, Бруклин – Торонто 97-133, Мајами – Чикаго 112-99, Мемфис – Сан Антонио 118-105, Милвоки – Шарлот 130-106, Оклахома – Сакраменто 110-131.