Русија остана и без организација на светското првенство во одбојка

156

По руската воена инвазија на Украина, Светската одбојкарска федерација (ФИВБ) донесе заклучок дека поради војната во Украина би било невозможно да се подготви и организира Светското првенство за мажи во Русија. Соодветно на тоа, ФИВБ одлучи да и ја одземе на Русија организацијата на Светското првенство во одбојка за мажи планирано во август и септември 2022 година.

„Руската одбојкарска федерација и Организацискиот комитет се соодветно информирани. ФИВБ ќе бара алтернативна земја-домаќин за да се погрижи глобалното одбојкарско семејство, вклучително и националните федерации, спортистите, официјалните лица и навивачите да се чувствуваат безбедно и горди што учествуваат на мирен спортски фестивал“, се вели во соопштението од светската куќа на одбојката.

ПретходноРусија и Белорусија остaнаа без учество на СП во хокеј на мраз
СледноПознати се групите во Купот на Македонија