Атлетико остана без Мексиканецот – Ерера се сели во МЛС лигата

163

Шпанскиот шампион Атлетико Мадрид на крајот на сезоната ќе се раздели со мексиканскиот играч од средниот ред Ектор Ерера. Неговиот договор нема да биде продолжен, а тој вече си најде нов клуб со што по завршување на сезоната заминува од Мадрид и ќе игра во МЛС лигата.

Неговиот нов клуб е Хјустон дајнамо со кого ќе потпише договор до 2025 година.

Ерера ја почна кариерата во мексиканска Пачука, а во 2013 година дојде во Порто. Во португалскиот клуб играше шест сезони и еднаш ја освои титулата во Португалија, а потоа се пресели во Атлетико Мадрид со кого славеше шампионски трофеј минатата сезона.

За разлика од престојот во Порто, Ерера во дресот на Атлетико за три сезони не постигна ниту еден гол. Сезонава одигра 15 натпревари во Ла Лига.

 

ПретходноКлоп: Четири трофеја? Тоа ни Сити не успева да го направи
СледноСписок од најпрофитабилни академии – Бенфика на врвот, Аталанта скокна пред Барселона…