Јасна е пораката на Олександар Усик, актуелниот светски првак во бокс. Имено Украинецот кој пред неколку месеци го разби Ентони Џошуа, како доброволец се пријави за да ја брани својата Украина од агресијата на Русија.
Тој за медиумите покрај другото порача…
„Русите не се шегуваат, постојано не бомбардираат. Сепак тие се жртви на нивниот претседател, не знаат што навистина се случува. Навистина не знам кога ќе се вратам во рингот, сега сепак поважни се мојата земја и гордоста од шампионскиот појас во бокс“ посочи Усик.