Клоп: Четири трофеја? Тоа ни Сити не успева да го направи

151

Менаџерот на Ливерпул Јирген Клоп не сака да зборува за можноста тимот да освои четири трофеја оваа сезона. Екипата го освои трофејот во Лига купот, води битка за титулата во Премиер лигата, на чекор е до четвртфиналето на ЛШ и е во осминафиналето на ФА купот.

Не постои тим во англискиот фудбал кој успеал да освои четири трофеја во една сезона. Дури ни Манчестер Сити со класата и моќта која ја има неколку години наназад не успее да го направи тоа. Тоа покажува колку е тешко да се направи тоа. Да бидам искрен, не треба да сонуваме такви луди нешта“, изјави Клоп.

Ако луѓето мислат дека имаме шанса, тоа ќе го сфатам како комплимент за нас, но јас не мислам така. До крајот на мај ќе се бориме со силни противници. Реалноста е, за да постигнеш нешто, треба да си фокусиран само на следниот чекор, а не на тој после него. Така и правиме“, изјави Германецот.

ПРед неколку денови Ливерпул го освои Лига купот по триумфот над Челзи по подобро изведување на пеналите. Денеска „црвените“ ќе играат против Норвич во ФА купот.

 

ПретходноШвајцарски милијардер доби шанса да го купи Челзи
СледноАтлетико остана без Мексиканецот – Ерера се сели во МЛС лигата