Абрамович ја одреди цената за Челзи, 86-годишен Швајцарец ќе биде новиот газда!

4458

Роман Абрамович одлучи да го продаде Челзи и тоа по брза постапка. Тој пред неколку дена го даде клубот на добротворна организација и сака да инкасира 3 милијарди фунти.

Во лондонскиот тим сметаат дека во овој момент Челзи треба да се продаде на америчка фирма, но според последните информации швајцарскиот милијардер Хансјерг Вајс, кој своето богатство го направил во областа на медицината и се проценува на околу 5,8 милијарди долари, влегол во трка за „сините“.

Абрамович на чело на Челзи стигна во 2003 година, од тогаш овој клуб го направи еден од најголемите во светот.

Поради санкциите кои целиот свет ги спроведе против Русија по нападот над Украина, тој е присилен да го продаде својот имот во Велика Британија.

ПретходноПетровиќ: МЗТ Скопје е организациски најдобар тим! Фаворити сме против Работнички!
СледноМакедонија против Словенија ќе игра пред публика – влезот е слободен!