Марио Балотели, контроверзниот италијански репрезентативец кој досега во својата кариера има играно за неколку големи европски клубови, за да сега настапува во турската Адана. Супер – Марио секако дека ќе биде на списокот на селекторот Роберто Манчини за бaраж – дуелот со Македонија за пласман на СП во Катар.
Како и секогаш, Балотели дава искрени одговори на прашањето дали можел повеќе во својата кариера…
“Според квалитетите мислам дека сум на исто ниво како Меси и Роналдо, но пропуштив многу шанси. Да, Роналдо и Меси освоија многу `Златни топки`, тука нема споредба, но според квалитетите немам што многу да им завидувам. Моја најголема грешка беше што заминав од Сити. Ако останев ќе напредував како Серхио Агуеро“ рече покрај другото Супер – Марио.