Со фантастични 14 одбрани, нашиот ракометен репрезентативец Никола Митревски брилјираше на голот на Порто и беше најзаслужен што вечерва неговиот тим остана непоразен на гостувањето кај Флензбург во Германија во рамките на новото коло од ЕХФ Лигата на шампионите.
Менса Ларсен шутираше од девет метри во последниот напад, но Митревски одбрани, му донесе голем бод на својот тим, можеби вреден 1/8 финале.
За Порто ова беше трето реми сезонава, по кое останува на 6. место на табелата во групата „Б“.
Nikola #Mitrevski? ⛔⛔!@FCPorto @SGFleHa #ehfcl #showtimeforchampions pic.twitter.com/3H2Svy56wu
— EHF Champions League (@ehfcl) March 2, 2022
Во вториот вечерен дуел од групата „А“, лидерот на табелата Алборг со 33:31 замина како победник од Франција на гостувањето кај Монпеље.