Ете, и тоа дојде. Душан Влаховиќ со својот актуелен клуб Јувентус да гостува во Фиренца и да игра против својот некогашен тим Фиорентина.
Имено вечерва од 21 часот на стадионот „Артемио Франки“, се игра првиот полуфинален меч од Купот на Италија меѓу Фиорентина и Јувентус. Фановите на “виолетовите“ не кријат дека Србинот го чека “ПЕКОЛ“, дека тие никогаш нема да му простат дека заминал во најомразениот тим – Јувентус.
А Влаховиќ одлично се снајде во новиот тим. Ги тресе мрежите како од шега, постојано докажува дека Јуве не погреши што го купи во јануарскиот преоден рок.
„Влаховиќ го предаде градот, клубот, ја предаде цела Фиренца, тоа нема да му го заборавиме“ велат фановите на Фиорентина кои не кријат дека Србинот ќе има “специјален дочек“.