Второлигашот Хамбургер обезбеди полуфинале во Купот на Германија (ВИДЕО)

100

Фудбалерите на Хамбургер како единствен второлигаш ќе биде дел од полуфиналето на Купот на Германија оваа сезона. Во денешното четврфинале против Карслруе, некогашниот бундеслигаш славеше по поодобро изведување на пенали, откако во 90. регуларни минути и по продолженијата од 2х15 минути резултатот беше нерешен, 2:2. Хамбургер во пенал-серијата славеше со 3:2, откако гостите промашија дури три удари од белата точка.

Претходно Лајпциг со убедливи со убедливи 4:0 славеше над Хановер и му се приклучи на Унион Берлин кој вчера го потврди своето место во полуфиналето.

Вечерва во последниот четврфинален дуел играат Бохум и Фрајбург.

ПретходноОдлука на ФК Охрид: Влезот за фановите ќе биде бесплатен до крајот на сезоната!
СледноКлубот на Рајковиќ исфрлен од ФИБА Европа Купот