Готово е: Шкендија и Шаќири си кажаа „ДА“, се чека на официјалната промоција!

1924

Како што велат нашите информации Артим Шаќири е новиот спортски директор во Шкендија. Легендарниот репрезентативец на Македонија, еден од нашите најдобри фудбалери во историјата и кажал „ДА“ на понудата на актуелниот шампион за тоа во наредниот период да биде спортски директор. Ова значи по десет години Артим се врати во Шкендија, во клубот каде што во 2012-2013 беше и шеф на струшниот штаб.

Спортмедиа“ дознава дека Шаќири од пред неколку денови веќе почнал со својата работа, секојдневно е во клубот, на тренинзите на тимот, сака што побргу да има целосен увид за она што е негова работа.

Се разбира дека Шкендија, која веќе извесно време немаше спортски директор, го одбра вистинското решение. Шаќири со своето богато играчко и тренерско знаење и искуство, како и со својот авторитет, ќе ги „стегне“ малку работите во клубот. Имено се знае дека во последните три години Шкендија го има најдобриот тим во ПМФЛ и тоа убедливо, а освои само една титула и тоа во минатата сезона. Претходно Вардар беше шампион а оваа година нема дилеми дека Шкупи ќе го освои тронот.

Па така сега останува само официјалната промоција на Шаќири како еден од првите луѓе на Шкендија.

ПретходноРусите и Белорусите не се исклучени само од едно меѓународно натпреварување!
СледноЈунајтед го привлекува талентот на Барселона со неверојатна плата