Мбапе доби понуда како ниту еден друг фудбалер во светот!

1828

ПСЖ веќе одамна истакна дека нема намера да се откаже од трката за својот фудбалер, Килијан Мбапе. Добро е познато дека до крајот на сезоната на францускиот фудбалер му истекува договорот, па во меѓувреме раководството на „светците“ се обидува на секој начин да го убеди да остане.

Најновата понуда која Мбапе е добил е 100 милиони евра за продолжување на соработката, сума која претходно ниту еден играч не ја добил во светот на фудбалот. Мадриски АС открива дека Мбапе покрај бонусот од 100 милиони евра, годишно може да заработува нето плата од околу 50 милиони евра.

Реал Мадрид со месеци преговара со младиот фудбалер, но шпанскиот гигант не може да му понуди бонус од 100 милиони евра.

„Како тие 100 милиони евра да не се доволно, па во ПСЖ на Мбапе му ветиле дека во 2024 година ќе може да игра на ОИ за Франција, со што ќе го исполнат неговиот најголем сон откако со својата земја стана светски првак. ПСЖ исто така ќе му дозволи после втората година од договорот да може да преговара за заминување од клубот“, пишува АС.

Истиот извор наведува дека понудата не го променила неговото размислување, по пет години ќе се пресели во Мадрид.

ПретходноЈунајтед го привлекува талентот на Барселона со неверојатна плата
СледноБалотели пред бараж-дуелот со Македонија: Имам квалитет како Меси и Роналдо, но…