Мидлсбро приреди уште една сензација – по Јунајтед го исфрли и Тотенхем од Купот

207

Екипата на Мидлсбро се пласира во четвртфиналето на англискиот ФА Купот по триумфот над Тотенхем по подобро изведување на пеналите. Во регуларниот дел немаше голови, а Мидлсбро предводен од Крис Вајлдер го совлада големиот противник благодарение на голот на 19-годишниот Џош Кобурн во 107. минута.

Ова е втора голема победа на Милдсбро во ФА Купот откако во претходната рунда на пенали го елиминира Манчестер Јунајтед. Инаку Мидлсбро игра во Чемпионшип дивизијата и моментално е осмопласиран на табелата.

На другите натпревари Сити го победи Петерборо, а Кристал Палас беше подобар од Стоук. Во среда  уште четири натпревари: Лутон-Челзи, Саутемптон-Вест Хем, Ливерпул-Норвич, потоа Евертон – Борехам Вуд ќе играат во четврток, Нотингем Форест – Хадерсфилд играат на 7 март.

 

ПретходноМиланско дерби под очекувањата – патникот во финалето ќе се одлучи во реваншот
СледноХокс испуштија +17, Лејкерс поразени и од Далас