ПИК Сегед победи во Норвешка и го остави Вардар на петтото место

226

ПИК Сегед вечерва славеше на гостувањето кај Елверум со 27:24 во рамките на 13. Коло од групната фаза во ЕХФ Лигата на шампионите. Унгарскиот тим со оваа победа му отвори пат на нашиот првак Вардар со триумф во Скопје над Елверум да се бори да се задржи на петтото место во групата „А“.

ПИК Сегед денеска лошо го отвори мечот и практично цело прво полувреме беше во негатива. Првото водство го обезбеди практично на завршницата на полувремето за 13:12.

Во вториот дел Норвежаните беа тие кои постојано беа во негатива, која во завршните минути достигна и максимални плус четири за гостите. На крајот Сегед успеа да слави со 27:24 и да ја прослави осмата сезонска победа.

ПретходноТодоров, Тасев, Најдовски: Ова е иднината на Тиквеш!
СледноСтранците во Русија ќе можат да ги раскинат договорите со руските клубови