Судии за ПМФЛ – 22 КОЛО: Трпчевски “главен“ на дуелот Ренова – Шкупи!

1392

Претстојниот викенд се играат мечевите од 22.коло, последно од вториот круг во тековната сезона 2021/2022. По завршување на ова коло ќе се направи распоредот по “бергер“ за третиот круг, односно последните 11 кола во пролетниот дел.

Вообичаено за в сабота закажан е еден меч, а тоа е оној во Кавадарци меѓу Тиквеш и Скопје, меч кој ќе биде пренесуван и на МРТВ и на ТВ Арена Спорт. Сите останати дуели се закажани за во недела. Дербито се игра на Арената во Скопје, каде Работнички ќе ја дочека Шкендија. Струга Трим Лум игра со Ренова во Струга, Брегалница во Штип не би требало да има проблем да дојде до првата пролетна победа и тоа проив Пелистер, лидерот Шкупи гостува кај Ренова, а А. Пандев на свој терен се среќава со Борец.

Сите мечеви се играат од 14 часот.

Познати се и судиите за овие натпревари. Стојанче Трпчевски ќе им суди на Ренова и Шкупи, додека дербито меѓу Работнички и Шкендија ќе го суди Марјан Стојановски од Кичево.

ДВОЈКИ И СУДИИ ЗА ПМФЛ – 22.КОЛО (НЕДЕЛА) 14 Ч

Струга ТЛ – Македонија ЃП: Димитар Пилешков (Штип)

Брегалница – Пелистер: Влатко Илиоски (Прилеп)

Ренова – Шкупи: Стојанче Трпчевски (Кавадарци)

Работнички – Шкендија: Марјан Стојановски (Кичево)

А. Пандев – Борец: Александар Грујоски (Кичево)

Тиквеш – Скопје: Јован Качевски (Струга) (САБОТА)

Претходно„Ред Бул“ со фантастична понуда: Верстапен добива 50 милиони евра по сезона!
СледноВасоски со Сараево победува и во Купот на БиХ, Аврамовски одново не беше ниту на клупата!