Синдикатот на професионални фудбалери (ФИФпро) побара од ФИФА да им дозволи на странските фудбалери кои играат во руските клубови еднострано да ги раскинат договорите. Според „Билд“, ФИФпро се повикува на модел клаузулата за меѓународни договори поради Виша сила, со што автоматски би се раскинал договорот.
„Можеме да потврдиме дека работиме на план да им дадеме можност на странските играчи да се повлечат од договорите со руските клубови“, соопштија од ФИФпро.
ФИФпро инсистира и фудбалерите кои ќе добијат едностран раскин на договорот да добијат „исклучителна дозвола“ од ФИФА, според која секој од нив би можел веднаш да биде регистриран во новата средина.