Тодоров, Тасев, Најдовски: Ова е иднината на Тиквеш!

1311

И ФК Тиквеш може да се пофали дека во своите редови има млади и талентирани момци кои веќе не само што стасуваат во првиот тим, туку и добиваат и тоа каква минутажа од шефот на струката Влатко Костов.

Па така во преден план, покрај другите, се тројца фудбалери кои потекнуваат од школата на кавадаречкиот прволигаш и кои би требало да бидат иднината на Тиквеш.

Тоа се Мартин Тодоров (18), кој на мечот со Шкупи на Чаир впиша и асистенција, потоа Данаил Тасев (19) кој веќе е првотимец, секако да не заборавиме и на Никола Најдовски (18), кој игра на местото лев бек.

Од раководството на Тиквеш велат дека во иднина политиката на клубот ќе биде да се купуваат играчи, ако треба и странци, но секогаш предност ќе имаат младите и талентирани момци од сопствената школа кои допрва треба да ги искажат сиот свој потенцијал во првиот тим на Тиквеш.

ПретходноАлбан Таипи: Големиот талент на Ренова по две години мачење со повредите се врати со стил!
СледноПИК Сегед победи во Норвешка и го остави Вардар на петтото место