Украинската тенисерка Елина Свитолина ја совлада Русинката Анастасија Потапова со 6:2 и 6:1 на турнирот во Монтереј, Мексико и порача дека сите пари кои ќе ги заработи на турнирот ќе го донира за украинската војска. Во случај да го освои турнирот, таа ќе заработи 31.000 долари.
Свитолина пред неколку дена рече дека не сака да игра против руски и белоруски тенисерки, но се премисли.
Во меѓувреме руските тенисери и тенисерки им е дозволено да настапуваат на ВТА и АТП турнирите како и оние под ИТФ но без знаме и национални обележја туку како „неутрални“.