Со пресврт во второто полувреме, фудбалерите на Челзи успеаја да обезбедат четвртфинале во ФА Купот на Англија, совладувајќи го на гости второлигашот Лутон со 3:2. По првите 45. минути, домашните за радост на своите фанови успеаја да заминат на паузата со предност од 2:1 и да најават дека Челзи треба прописно да се намачи, ако сака место во следната рунда на најстарото клупско натпреварување на планетата.
Бурк и Корник погодија за Лутон во првиот дел, додека единствениот гол за „сините“ беше дело на Саул. Во вториот дел Челзи се потруди да избегне сензација, па со головите на Вернер и Лукаку направи комплетен пресврт.