ФА Куп: Минамино со два гола го однесе Ливерпул во четвртфинале (ВИДЕО)

163

Со двата гола на Такуми Минамино (27. и 39. минута) фудбалерите на Ливерпул обезбедија пласман во четврфиналето на ФА Купот во Англија. Со практично втор тим, Јирген Клоп се појави на денешниот дуел со Норич и на крајот на „Енфилд“ успеа да оставри минимална победа од 2:1, доволна за место меѓу осумте четврфиналисти.

Гостте одиграа солидна партија и добро му парираа на фаворитот во текот на сите 90 минути. Добрата игра беше наградена со еден убав погодок на Руп за 2:1 во 76. минута. До крајот на мечот и двата тима имаа уште по една добра шанса за гол, но мрежите останаа мирни.

Претходно пласман во четврфијалето обезбеди и Саутептон кој пред своите навивачи со 3:1 беше подобар од Вест Хем.

 

ПретходноФиорентина со автогол го почести Јуве во куп-полуфиналето (ВИДЕО)
СледноИ светскиот првак ја брани Украина: Мојата земја и гордоста се поважни од шампионскиот појас!