Швајцарски милијардер доби шанса да го купи Челзи

261

Рускиот бизнисмен Роман Абрамович донел одлука да продаде се што има во Обединетото Кралство вклучувајќи го и фудбалскиот клуб Челзи, а швајцарскиот „Блик“ открива дека иден сопственик на лондонскиот клуб најверојатно ќе биде Хансјерг Вис. „Блик“ пренесува дека 86-годишниот швајцарски милијардер Вис сериозно размислува да го преземе европскиот првак.

„Абрамович е еден од најблиските соработници и пријатели на Путин, па како и другите бизнисмени и тој е во паника. Се обидува да го продаде имотот во Англија и се што поседува, а јас добив понуда да го купам Челзи. Но мораме да почекаме затоа што Абрамович бара голема сума. Треба да ја видиме состојбата на клубот и ако се решам на купување тоа би го направил со уште неколку инвеститори“, вели Вис кој богатството го заработил во областа на фармацијата.

ПретходноСавичевиќ: Знам како им е на руските спортисти, истото се случи со Југославија во 1992 година
СледноКлоп: Четири трофеја? Тоа ни Сити не успева да го направи