Ѕјуба им одговори на Украинците: Јас сум горд Русин, а вие седите во англиските вили и зборувате гадости!

4750

Очекувано. Артјем Ѕјуба, фудбалерот на Зенит и капитен на репрезентацијата на Русија имаше соодветен одговор на Украинските фудбалери кои со погрдни зборови го нарекуваа зошто не ја осуди руската инвазија врз нивната земја.

Дел од нив кажаа дека тој е ку*вин син и дека ќе лежи доживотно во зандана.

Па така Ѕјуба во својот подолг пост на Инстаграм покрај другото напиша…

Јас сум горд Русин. Не сакав да зборувам за војната поради тоа што не се разбирам во политика. Да, јас сум против војната, таа е страшна, но исто така сум против човечката агресија и омраза која добива невидени размери. Многу луѓе пишуваат против нас Русите, пишуваат навреди, закани. Војната ќе заврши, но човечките односи ќе мора да продолжат. А на тие што седат со свите задници во своите англиски вили и зборуваат гадости сето ова не може да не навреди“ напиша капитенот на руската репрезентација.

ПретходноВасоски со Сараево победува и во Купот на БиХ, Аврамовски одново не беше ниту на клупата!
СледноАлбан Таипи: Големиот талент на Ренова по две години мачење со повредите се врати со стил!