Албан Таипи: Големиот талент на Ренова по две години мачење со повредите се врати со стил!

905

Албан Таипи на мечот со Пелистер во Охрид на својата Ренова со убав гол со глава и донесе бод. Некој ќе рече ништо посебно, од таков талент и потенцијал кој во јуни ќе полни 19 години, тоа и се очекуваше. Сепак за него и за “гипсарите“ неговото враќање многу значи, тоа е нешто посебно ако се знае дека младиот напаѓач речиси две години се мачеше со тешките повреди. Имено Таипи ги скина лигаментите на двете колена и беше во „аут“ долго, долго време, поточно 20 месеци. Значи Албан се врати со стил.

И дојде време токму на дуелот со Пелистер да го има својот прв официјален меч во дресот на “гипсарите“, тој на стратегот Ќатип Османи, кој му даде шанса, му врати со гол.

May be an image of 1 person, playing a sport, standing and grass

Инаку Таипи пред две години дебитираше за Ренова со 16,5 години во ПМФЛ. Одигра неколку мечеви, но немаше среќа да постигне гол, својот прв погодок во ПМФЛ младиот Таипи, како што веќе рековме, го даде во понеделникот во Охрид против Пелистер.

За тие што не знаат. Таипи е роден на 21 јуни 2003 година во Гостивар. Тој е дете на клубот од Џепчиште. Пред повредата имаше и пет настапи за У-17 репрезентацијата на Македонија за која ги тресеше противничките мрежи.

Од Ренова велат дека Албан Таипи е еден од најголемите таленти кој клубот го имал, висок е 190 см, робусен, класичен центарфор кого го интересира само противничката мрежа.

И дека тој е големо засилување за тимот на Ќато во пролетниот дел кога станува збор за нападот. Исто велат дека Таипи е и репрезентативен потенцијал.

ПретходноЅјуба им одговори на Украинците: Јас сум горд Русин, а вие седите во англиските вили и зборувате гадости!
СледноТодоров, Тасев, Најдовски: Ова е иднината на Тиквеш!