Фудбалерите на Хамбургер како единствен второлигаш ќе биде дел од полуфиналето на Купот на Германија оваа сезона. Во денешното четврфинале против Карслруе, некогашниот бундеслигаш славеше по поодобро изведување на пенали, откако во 90. регуларни минути и по продолженијата од 2х15 минути резултатот беше нерешен, 2:2. Хамбургер во пенал-серијата славеше со 3:2, откако гостите промашија дури три удари од белата точка.
Претходно Лајпциг со убедливи со убедливи 4:0 славеше над Хановер и му се приклучи на Унион Берлин кој вчера го потврди своето место во полуфиналето.
Вечерва во последниот четврфинален дуел играат Бохум и Фрајбург.