Како што информираат од ИХФ, номинирани се петтмина тренери за признанието „најдобар трнер во 2021“ година. Меѓу нив е екс стратегот на Вардар Роберто Парондо, кој во 2019 ги предводеше “црвено – црните“ до втората титула во Лигата на Шампионите. Шпанецот оваа номинација ја заслужи како селектор на Египет.
Покрај него тука се селекторот на Франција Гијом Жил, потоа селекторот на Данска, Николај Јакобсен, стратегот на Шпанија, Жорди Рибера, како и Чави Пасквал како тренер на Барселона.
ИХФ на 28 март ќе го објави тренерот кој ќе собере најмногу гласови и кој ќе биде избран за тренер на годината.
The nominees for 2021 IHF World Coach of the Year — male team(s) 👏
Voting starts March 7 on https://t.co/lYxJ8E2S0G 🙌 Read more ➡️ https://t.co/KxvoxD6Jcn#bestofhandball
📸#ehffinal4 photos: kolektiff pic.twitter.com/VunjvQl9Yg
— International Handball Federation (@ihf_info) March 2, 2022