Одлука на ФК Охрид: Влезот за фановите ќе биде бесплатен до крајот на сезоната!

296

Со цел клубот, односно тимот на ФК Охрид Лихнидос да има уште поголема поддршка од своите фанови, раководството на второлигашот донесе одлука до крајот на сезоната влезот за фудбалските фанови да биде бесплатен. Ова значи дека охриѓани ги отвораат капиите од стадионот „Билјанини Извори“ на сите свои мечеви кога тие ќе бидат домаќини.

Инаку интересно е тоа што во првото пролетно коло во ВМФЛ – ЗАПАД на мечот меѓу Охрид и Вардар на трибините на “Билјанини Извори“ имаше и повеќе од 5.000 гледачи. Оваа бројка до сега е најголема во пролетниот дел на било кој фудбалски натпревар во мак – фудбалот.

ПретходноСтранците во Русија ќе можат да ги раскинат договорите со руските клубови
СледноВторолигашот Хамбургер обезбеди полуфинале во Купот на Германија (ВИДЕО)