Пасквал го објави списокот на бараж двомечот со Македонија

394

Македонската ракометна репрезентација ќе чекори по потежок пат во битката за место на Светското првенство 2023 година. Прва пречка на избраниците на Кирил Лазаров е Романија. Првиот дуел се игра во Скопје на 17. март, додека реваншот е два дена подоцна на гостински терен.

На клупата на романскиот национален тим е Чави Пасквал. Шпанскиот стратег веќе еднаш има изгубено од Македонија, исто во бараж двомеч за место на Мундијалот, токму по тој пораз го напушти „кормилото“.

Пасквал денеска објави список од 22 имиња.

РОМАНИЈА СПИСОК

ГОЛМАНИ: Јонут Јанку (Стеауа), Дан Василе (Констанца), Александру Букатару (ЧСМ Букурешт)

БЕКОВИ: Андреј Бузле, Калин Кабут (Баја Маре), Кристијан Гита (Потаиса Турда), Роберт Милитару, Дан Ракоцеа, Октавијан Бизау (Динамо Букурешт), Едуард Јордаче (Бакау), Габриел Бурлаку (Стеауа), Габриел Кумпаник (Васлуи), Јанус Димитреску (Темишвар) Александру Шимицу (Сен Рафаел), Демис Григорас (Бенфика).

КРИЛА: Валентин Јонеа, Никусор Негру (Динамо Букурешт) Сабин Константина (Стеауа), Роланд Талмајер (Потаиса Турда)

ПИВОТИ: Габрил Димитриу (Потаиса Турда), Адријан Ротару (ЧСМ Букурешт), Калин Деду (Динамо Букурешт).

ФОТО: frh.ro

ПретходноСписок од најпрофитабилни академии – Бенфика на врвот, Аталанта скокна пред Барселона…
СледноЃоревски: Скопје е еден од кандидатите за организација на завршниот турнир во АБА2-лига