Савичевиќ: Знам како им е на руските спортисти, истото се случи со Југославија во 1992 година

338

Прославениот црногорски фудбалер, Дејан Савичевиќ, во интервју за италијанската „Ла Република“ изјави дека руските спортисти не треба да бидат жртви на одлуките кои ги носи претседателот на државата и дека казните кои ги добиваат се премногу строги.

Савичевиќ истакна дека добро знае како се чувствуваат руските спортисти, затоа што низ истото помина и СФР Југославија во 1992 година кога не им беше дозволено да игра на Европското првенство иако имаше фантастична генерација.

Спортистите не се виновни за ништо, јас најдобро тоа го знам, зашто го доживеав во 1992 година кога на СФР Југославија не ѝ беше дозволено да игра на Европското првенство. 

Не го бранам Путин, на своја кожа почувствував како е да те исклучат поради некакво политичко решение. Играњето натпревар е порака на мир. Руските фудбалери немаат врска со одлуката на Путин, како што немавме ние никаква врска со војната во Југославија пред 30 години. Гледам дека се повторува ситуацијата која етапно во 1992 година ја доживеаја младите играчи во тоа време.

На мене ми беше одземена можноста да играм на три големи натпреварувања, Европските првенства в 1992 и 1996 година и Светското првенство во 1994 година. Тоа ми беше одземено без причина, само поради политиката, која нема врска со спротот“, изјави Савичевиќ.

 

ПретходноГи прозваа руските репрезентативци: Што се криете, сега е време да излезете и да покажете дека имате „мадиња“
СледноШвајцарски милијардер доби шанса да го купи Челзи