Ниту предноста од 17 поени на полувремето не беа доволни Атланта Хокс да го победи Бостон во НБА лигата. Предноста се стопи во третата четвртина кога Џејлин Браун не можеше да го продолжи мечот, а Бостон направи серија од 14:0 и подоцна го сврте мечот во своја корист (107:98). Селтикс ја забележа 10-тата победа во последните 12 натпревари.Кај Хокс Богдановиќ постигна 25 поени, а Јанг 31 поен. Најефикасен на мечот беше Џејсон Татум од Селтикс со 33 поени.
А Лос Анџелес Лејкерс доживеа нов пораз, сега од Далас Маверикс со 104:109. Тоа е трет пораз на Лејкерс по ред со што е на деветтото место на табелата во Западната конференција.
Најефикасен беше Леброн Џејмс од Лејкерс со 26 поени, а најефикасен во Далас беше Лука Дончиќ со 25 поени.
На другите натпревари Вашингтон го совлада Детроит со 116:113, Торонто – Бруклин 109:108, Хјустон – Л.А. Клиперс 100:113, Минесота – Голден Стејт 129:114.