Следниот викенд тимот на Брегалница има императив пред себе да го победи Пелистер на домашен терен. По лошиот старт на пролетната полусезона Штипјани сега едноставно мораат „под Исарот“ да заработат нови три бода и до некаде да ја стабилизираат ситуацијата на табелата.
МАрјан Алтипармаковски е играчот број еден кај Брегалница. Сите очи ќе бидат и вперени кон него со оглед на фактот што е роден битолчанец и што ќе игра против својот матичен клуб.
„Секако дека против Пелистер атакуваме на победа, со која би ставиле крај на оваа резултатска криза. Јасно е дека секоја екипа има одреден ваков период, за жал нас тоа не зафати сега, но искрено верувам дека сето тоа ќе заврши затоа што има навистина одлична атмосфера во екипа. Оваа Брегалница има уште многу што да каже до крајот на сезоната“ – вели најдобриот стрелец во редовите на „сините“, Марјан Алтипармаковски.