Дончиќ-шоу за нова победа на Далас, Клиперс ги прегазија Лејкерс во градското дерби (ВИДЕО)

215

Лука Дончиќ оствари нов дабл-дабл учинок со фантастични 41 поен и 10 скока за нова победа на Далас во синоќешното дерби со Голден Стејт на домашен терен. Само една асистенција му недостасуваше на Словенецот за да запише трипл-дабл ефект.

Доријан Фини-Смит постигна 18 поени, а Спенсер Динвиди додаде поен помалку со седум асистенции. Џордан Пул постигна 23 поени за гостинскиот тим, Стивен Кари постигна 21 поен, со девет асистенции и пет скока, додека Ендрју Вигинс имаше ефект од 17 поени и пет скока и асистенции.

Ова беше втора победа на Далас над Голден Стејт во последните пет дена, откако го победија со 107:101 во последниот дуел во Сан Франциско.

Во големото градско дерби, ЛА Клиперс го совладаа ЛА Лејкерс со 132:111.

Ова беше петта последователна победа на Клиперс, но и седма врзана против Лејкерси во НБА лигата. Реџи Џексон со 36 поени, девет асистенции и осум скока беше најефикасен на мечот, додека хрватскиот играч Ивица Зубац постигна 19 поени. Леброн Џејмс постигна 26 поени за Лејкерси, со осум скока и четири асистенции, а Расел Вестбрук додаде 17 поени и осум скока.

НБА РЕЗУЛТАТИ:

Атланта – Чикаго 130-124

Бостон – Мемфис 120-107

Бруклин – Мајами 107-113

Торонто – Детроит 106-108

Далас – Голден Стејт 122-113

Сан Антонио – Сакраменто 112-115

ЛА Клиперс – ЛА Лејкерс 132-111

ПретходноРусите во Лозана ќе се жалат на одлуките на ФИФА и УЕФА!
СледноРајковиќ со порака на Инстаграм се одјави од Саратов