Е. Пелистер рутински до бодовите против Тиквеш! (ФОТО)

126

Вечерва во Битола, во меч од плеј – офот во ракометната Суперлига, фаворитот Е. Пелистер со 30:25 (15:11) успеа да слави против Тиквеш. Битолчани во целост ја оправдаа улогата на фаворити, имаа постојана предност во текот на целиот натпревар, ги контролираа настаните во салата “Боро Чурлевски“ и на крајот заслужено ги освоија бодовите во својот прв меч од плеј – офот во нашата елитна ракометна лига.

Треба да се каже дека Е. Пелистер својата најголема разлика од +8 голови ја имаше во 50.минута. Ова е добро враќање за момците на Жељко Бабиќ по поразот од Татабања во Европската лига.

No description available.

Кај битолчани вечерва најефикасен беше Табоада со седум голови, додека Божиќ – Павлетиќ петпати стрелаше во мрежата на кавадарчани, за кои пак Дрогришки постигна шест погодоци.

No description available.

ПретходноВо пресрет на дуелот со Ренова: Насмевки во Шкупи, само Седло е сериозен! (ФОТОГАЛЕРИЈА)
СледноКинезите во знак на солидарност со Русија ги забранија ТВ преносите од Премиер – лигата!