Мартинез и Џеко ја растурија Салернитана (видео)

178

Италијанскиот шампион Интер забележа убедлива победа (5:0) над Салернитана во првиот меч од 28. коло во Серија А. Вечерва на „Џузепе Меаца“ четата на Симоне Инзаги го наполнија голот на последнопласираната екипа.

Во првото полувреме Лаутаро Мартинез постигна два гола и двата на асистенција на Николо Барела. На стартот на второто полувреме Мартинез комплетираше хет-трик овојпат на асистенција на Един Џеко.

А потоа босанскиот напаѓач постигна два гола за заокружување на убедлиот триумф на Интер.

„Нероаѕурите“ се лидери на табелата со 58 бода по 27 кола, еден повеќе од Наполи на втората позиција.

ПретходноНОВА САНКЦИЈА: Русите нема да гледаат натпревари од француската Лига 1
СледноСевиља испушти бодови во Алавес, трката по титулата им стана потешка