Иако игра се уште квалитетно, иако вели дека нема да се пензионира се додека со Милан не освои трофеј, но факт е дека Златан Ибрахимовиќ ја “ситни“ петтата деценија од својот живот.
Токму затоа челниците на италијанскиот гигант се во потрага по негова замена. А таа е најдена во нападот на Ливерпул, во Дивок Ориги.
Имено познато е дека Белгијанецот е одличен фудбалер, сепак поради големата конкуренција во нападот на “Редси“ тој слабо добива минутажа од Јирген Клоп. Па затоа неговите менаџери го понудиле во Милан, а челниците на клубот од Милано биле радосни што веќе претстијното лето би можеле да го ангажираат квалитетниот Белгијанец во своите редови.