Кошаркарките на Баскет Кам, вчера беа поразени во првиот меч за пласман на 9. место во регионалната ВАБА лига. На гостувањето во Белград, нашиот преставник загуби на дуелот со Партизан со 86:71 и останува на домашен терен на возвратниот меч да се обиде да ја анулира негативата.
Мечот го одбележа фантастичната Кристина Пуљизовиќ која постигна 34 поени за Баскет Кам и заедно со Снежана Алексиќ (19) беа носителки на играта на нашиот состав. Кај Партизан 25 поени останаа зад името на Нина Самарџиќ. Реваншот е закажан за 16 март.