Нејц Цехте, десниот бек на Бундеслигашот Хановер би требало да биде новото име за следната сезона во дресот на РК Вардар. Како што се шпекулира, раководството на вардарци веќе го договорило Словенецот и многу брзо би требало да следува промоција.
Инаку Цехте има 29 години, игра на позицијата десен бек, член на репрезентацијата на Словенија. Долго време играше за Горење од каде пред четири години направи трансфер во Хановер а веќе две години е соиграч на нашиот репрезентативец Филип Кузмановски.