Челниците на Барселона веќе неколку пати се сретнале со агентот Мино Раиола за да разговараат за можниот трансфер на Ерлинг Халанд на „Камп Ноу“. Според информациите, Раиола нема ништо против тоа Норвежанецот да се пресели во Барселона, но ако каталонците навистина го посакуваат неговиот потпис ќе мора да потпишат и со уште еден клиент на Раиола.
Како што пишуваат шпанските медиуми, Раиола јасно му кажал и на Чави и на луѓето од раководството на Барселона, дека заедно со Халанд ќе мора да потпишат и со дефанзивецот на Ајакс, Нусаир Мазрауи, чиј договор со Ајакс истекува ова лето.
Чави се сретна со Халанд во Минхен во вторникот за да го убеди играчот да и се приклучи на Барса.