Во недела, во меч од 22.коло во ПМФЛ, лидерот Шкупи гостува во Тетово каде ќе ги одмери силите против Ренова. Тоа е меч од кој се очекува квалитетен фудбал, и двете екипи поседуваат квалитет и тоа како за вистинско фудбалско уживање.
Шкупи има +10 бода пред втората Шкендија, се чини дека е време за насмевки, како што тоа беше на денешниот тренинг, меѓу играчите, но само тренерот Гоце Седлоски е сериозен. Тој ретко се смее, дури и кога ќе освои титула не ги искажува своите емоции. Знае добро Седло дека тие +10 се одлична предност, но не се сигурна гаранција дека се е готово.