Кинезите во знак на солидарност со Русија ги забранија ТВ преносите од Премиер – лигата!

386

Ова веќе станува смешно. Имено откако раководството на Премиер – лигата забрани да се пренесуваат нејзините мечеви во Русија, и тоа поради инвазијата на таа земја врз Украина, се огласија челниците на една ТВ во Кина, кои ги имаат ТВ правата. Тие изјавиле дека нема да ги пренесуваат натпреварите во својата земја. И тоа во знак на солидарност и пријателство со Русија.

На овој потег на Кинезите, раководството на ПЛ нема никаков коментар. Само се напоменува дека цела лига како и сите клубови и даваат целосна поддршка на Украина во војната со Русија.

Инаку договорено е на мечевите од претстојното коло капитените на сите клубови да носат ленти во боите на Украина на на видео бимовите на сите стадиони ќе има специјални пораки.

ПретходноЕ. Пелистер рутински до бодовите против Тиквеш! (ФОТО)
СледноШто се случува со Е. Пелистер: Татабања за следната сезона ги промовираше и Периќ и Секељи!