Нант стигна до петта победа по ред, Лазаров без погодок

144

Екипта на Нант славеше со 29:25 над Данкерк на домашен терен во француската Супер лига и со оваа победа се зацврсти на второто место на табелата зад лидерот ПСЖ. Нант губеше на полувреме со 12:14, меѓутоа во второто беше многу поразигран и попрецизен со што го сврте мечот и ги освои поените.

Македонскиот селектор Кирил Лазаров беше дел од победничкиот тим, но не постигна гол (0/2).

Ова е 15-та победа на Нант во 19 меча сезонава во најсилната француска ракометна лига.

Инаку за Нант ова е осми триумф по ред на Данкерк во францускиот шампионат.

Идното коло е дерби, Нант ќе му гостува на ПСЖ.

ПретходноГвардиола збесна: Политичарите и НАТО се неспособни
СледноОд Њукасл разочарани поради Абрамович: Тажно е да останеш без клуб само поради врска со некого