НОВА САНКЦИЈА: Русите нема да гледаат натпревари од француската Лига 1

195

По низата на санкции од ФИФА и УЕФА, нова санкција кон Русија доаѓа од Лига 1. Поточно натпреварите од Лига 1 која спаѓа меѓу петте најсилни лиги во Европа нема да се прикажуваат на територијата на Русија.

„Лига 1 одлучи од да го прекине договорот за пренос на натпревари од францускиот шампионат во Русија на каналот Меч ТВ“, стои во соопштението.

Со тоа руските фудбалски фанови нема да можат да ги гледаат Лео Меси, Килијан Мбапе, Нејмар и другите ѕвезди од најсилната француска лига.

Од друга страна Кинезите нама да можат да ги гледаат натпреварите од руската Премиер лига наредниот викенд, но тоа не е одлука на Русија туку на Кина во вид на протест кон Русија за нападот на Украина.

ПретходноОд Њукасл разочарани поради Абрамович: Тажно е да останеш без клуб само поради врска со некого
СледноМартинез и Џеко ја растурија Салернитана (видео)