Британската бизнисменка и една од сопствениците на Њукасл Аманда Ставили е разочарана од тоа што Роман Абрамович одлучил да го продаде Челзи. Рускиот милијардер прво го препушти раководењето на клубот на хуманитарната фондација на Челзи, а потоа го промени мислењето и одлучи да го продаде за околу 3,6 милијарди евра.
На тоа Абрамович се одлучил за да го заштити Челзи од потенцијални санкции поради своите врски со претседателот на Русија Владимир Путин.
Ставили, една од сопствениците на Њукасл, која е најзаслужна за доведување на саудискиот принц Мохамед би Салман на Сент Џејмс Парк порача дека никој не би требало да остане без клуб само затоа што има врски со некого.
„Секогаш ќе имаме геополитички проблеми. Навистина сум тажна што некој ќе остане без фудбалски клуб само затоа што има врска со некого. Мислам дека тоа не е фер. Сепак, сметам дека сите односи кои ги имаме мораме да ги држиме во границите на одговорноста“, изјави Ставили на самитот „Фајнаншл Тајмс бизнис оф Фудбал“.