Преносите на натпреварите од англиската Премиер лига за територијата на Русија најверојатно ќе биде прекинато. Ова го соопшти извршниот директор на лигата, Ричард Мастерс.
„Се разговара за ова прашање. Ќе ја проучиме многу внимателно можноста за раскинување на договорот. Дури и сега работиме на одлука“, изјави Мастерс.
Русија веќе е елиминирана од голем број меѓународни натпреварувања, а и се одземени и бројни организации на меѓународни првенства. Во исто време, се повеќе спортисти кои се натпреваруваат за руските клубови ги раскинуваат договорите.