24 светски спортски федерации и официјално им забранија на руските и белоруските спортисти, клубови и репрезентации да се натпреваруваат во натпреварите под нивна јурисдикција. Според листата на спортски федерации, до денеска, само две се уште немаат објавено суспензија за руските и белоруските спортисти, а тоа се Светската федерација во бокс и Светската федерација во кревање товар.
Шест светски спортски федерации, пак, излегоа со забрана за настап на руски и белоруски спортисти во нивни натпреварувања под националните обележја, како знаме и химна. Тоа значи дека Русите и Белорусите се уште имаат право за настап во велосипедизам, тенис, џудо, гимнастика, водени спортови и скејтборд, но како неутрални спортисти.
Прашање на време е кога и дел од овие федерации ќе подлегнат на притисоците на политичките елити и ќе изречат комплетна забрана за настап на руски и белоруски спортисти во нивните натпреварувања.